Следете ги вашите мобилни трансакции со неколку клика!

МОИ ПЛАЌАЊА

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Провајдерот на услуги создава и нуди услуги. Често ги користи услугите на провајдерот за наплата за да овозможи плаќање на услугата преку сметката за мобилен.

Провајдер за наплата е компанија која агрегира конекции со поголем број на мобилни оператори во голем број на земји и нуди единствено место за пристап за мобилна исплата на провајдерите за услуги.

Само лицето кои физички го поседува вашиот мобилен телефон може да купува и тоа да се наплати на сметката за мобилен, бидејќи секое купување мора да се потврди.

Постојат повеќе начини. Кога ќе најдете услуга или дигитални добра кои сакате да ги купите, ќе ви биде побарано да го внесете мобилниот број или да го потврдете купувањето со ПИН што ќе го добиете; или ќе ви биде побарано да пратите клучен збор на краток број. Во секој случај, наплатата/цената ќе биде додадена на вашата сметка за мобилен.

Наплатите ќе се покажат на вашата месечна сметка ако сте корисник на претплата. Исто можете да се најавите на услугите на нашите клиенти за да ги видите сите наплати.

Откако ќе го потврдите купувањето со вашиот мобилен, мобилниот оператор ќе го наплати износот на вашата сметка (постпејд) или ќе го одземе износот од вашиот мобилен кредит (припејд).

Можете да купите широк спектар на добра и услуги: симнување музика, е-книги, билети за јавен превоз, виртуални пари за онлајн игри, членство за онлајн заедници, инфо услуги (време, сообраќај, вести…), претплата на услуги за забава, итн.

Мобилно плаќање е купување дигитални добра или услуги директно од вашиот мобилен телефон. Тоа е едноставен и сигурен начин и не бара дополнителна регистрација.

За секоја услуга што сте ја купиле со порака од вашот мобилен, без разлика дали е еднократна услуга или претплата, ќе добиете потврдна СМС порака која ги содржи информациите за контакт на провајдерот на услуги. Како алтернативна можност, можете да пребарувате контакт информации за провајдерот на услуги на интернет користејќи го името на услугата.

Тоа е едноставно. Започнете ја најавата со користење на вашиот мобилен број. Не е потребна дополнителна регистрација. Ќе добиете пин број. Користете го да ја завршите најавата и ќе добиете брз пристап до сите трансакции (купувања) направени со вашиот мобилен број. Доколку има активни претплати, ќе можете и нив да ги откажете.

Доколку сте на претплата, тоа ќе се покаже на вашата сметка за мобилен. Ако сте припејд корисник, наплатениот износ ќе одземе од сумата на пари која е на располагање на вашата сметка на мобилен.

Тоа ќе се покаже на вашата месечна сметка ако сте на претплата. Сепак, можете да се јавите на нашата корисничка служба со вашиот мобилен и да ги добиете сите информации за вашите мобилни трансакции и активни претплати.